Крај на американско-рускиот Договорот за ракети со мал и среден дострел
![Крај на американско-рускиот Договорот за ракети со мал и среден дострел](https://gdb.rferl.org/AC94FFD3-4327-4E57-AD4B-6A22E13C82D2_w800_h450.jpg)
Русија и САД денеска објавија крај на важноста на Договорот за ракети со мал и среден дострел, објавија новинските агенции.
„На 2 август 2019 година по американска иницијатива истекува валидноста на Договорот за уништување ракети од мал и среден дострел потпишан на 8 септември 1987 година во Вашингтон“, се вели во соопштение од руското МНР.
И САД соопштија дека од денеска формално не важи тој Договор со Русија. Во соопштението од кабинетот на државниот секретар Мајк Помпео се обвинува Русија за прекршувње на пактот договорен по Студената војна.
„Американското повлекување од Договорот стапува на сила од денеска. Русија е единствено одговорна за пропаѓањето на Договорот“, изјави Помпео од Банкок.