Комисија ги проверила документите на Кочан, нема потреба од болничко лекување
![Комисија ги проверила документите на Кочан, нема потреба од болничко лекување](https://gdb.rferl.org/95E16502-3B02-40D4-92A9-6CAC16A06CA9_w800_h450.jpg)
Сеад Кочан, кој е веќе во Идризово на одлежување на затворската казна за случајот „Труст“, нема индикација за болничко лекување, информираше Министерството за здравство.
„На барање на Кривичниот суд, ние инициравме и Комисија ја ревидираше медицинската документација на приватната болница за пациентот. Од стручниот увид во медицинската документација беше утврдено дека пациентот нема апсолутна индикација за болничко лекување“, информираше Министерството.
Доцна синоќа Кочан беше спроведен во затворот „Идризово“ откако претходно, Судот му го отфрли како недозволено барањето за одлагање на затворската казна.