Кочан спроведен на отслужување на затворската казна во „Идризово“
![Кочан спроведен на отслужување на затворската казна во „Идризово“](https://gdb.rferl.org/D792A1DA-EEDC-493F-A005-2D97F90AE5FA_w800_h450.jpg)
Откако му било отфрлено барањето за одложување на затворската казна поради здравствени причини, бизнисменот Сеад Кочан, осуден за предметот „Труст“, од синоќа е на отслужување на казната во затворот „Идризово“.
„По добивање на целокупната документација поврзана со новото барање за одлагање со отпочнување со издржување на затворската казна на еден од обвинетите во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството значен како „Труст“, судија за извршување санкции донесе решение со кое го отфрли барањето како недозволено и издаде наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна установа“, соопшти Кривилчниот суд.
Затворската казна на Кочан од 4 години и 8 месеци е поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Кочан е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна. Тој првично доби шест години, но Апелација му ја намали казната.