Експлозија во складиште за муниција во Русија
![Експлозија во складиште за муниција во Русија](https://gdb.rferl.org/BC2CB24B-8809-4A0B-B4D6-CB70EA028099_w800_h450.jpg)
Четири лица се повредени во експлозијата што се случи денеска во складиште за муниција во воена база во рускиот регион Краснојарск. Министерството за вонредни состојби нареди евакуација на населението во радиус од 20 километри, соопшти прес-службата на министерството.
Како што пренесува ТАСС, евакуирано е населението што живее во близина на воениот магацин во Ачинск. Според шефот на округот, Евгениј Розанчугов, експлозиите продолжуваат и на никого не му е дозволен приод кон магацинот. Пожарот избувнал на две локации во кои биле складирани 40.000 куршуми.