Грабар-Китаровиќ најави кандидатура за уште еден претседателски мандат?
![Грабар-Китаровиќ најави кандидатура за уште еден претседателски мандат?](https://gdb.rferl.org/1E992FF5-CAE9-4AA3-99BC-C82F9CB7E419_w800_h450.jpg)
Денеска сум овде како претседателка на републиката, ќе се гледаме и во следните пет години, рече хрватската претседателка Грабар - Китаровиќ, пред новинарите на одбележувањето на годишнината од акцијата „Бура“.
Според хрватските медиуми, оваа изјава на Грабар-Китаровиќ е индиректна најава на кандидатура за уште еден мандат за шефица на државата.
Претходно и премиерот Андреј Пленковиќ, изјави дека Грабар-Китаровиќ за својата кандидатура ќе ја има поддршката на ХДЗ.