Децата ни растат без да се описменат
![Децата ни растат без да се описменат](https://gdb.rferl.org/98C94573-249B-4BE9-96B6-DA231FF9B48A_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Веќе и не е некоја новина дека децата ни растат без да се описменат. Меѓутоа, ова несомнено боли при секое погледнување во огледалото во кое и со розови очила се гледа дека ситуацијата е повеќе од алармантна. И не само во образованието, туку посебно и во едукацијата преку забава и игра.