Атамбаев и официјално обвинет за корупција
![Атамбаев и официјално обвинет за корупција](https://gdb.rferl.org/D0F83DB3-2A51-4EE9-84C6-F452128AC696_w800_h450.jpg)
Поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбаев официјално е обвинет за корупција, ден откако беше уапсен од специјалци во тензична атмосфера меѓу неговите поддржувачи и полицајците во главниот град Бишкек.
Судот денеска соопшти дека го обвиниле 62 годишниот поранешен лидер за корупција, злоупотреба на положбата и нелегално богатење за време додека беше претседател од 2011 до 2017 година. Според одлуката на судските власти Атамбаев ќе биде во притвор до 26 август.