Нападот на џамија во Норвешка се третира како обид за тероризам
![Нападот на џамија во Норвешка се третира како обид за тероризам](https://gdb.rferl.org/B2DBCCB6-B46A-4F44-B96F-C75D33C01834_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Нападот на џамија во Норвешка се третира како обид за тероризам, соопштија властите. Притворениот осомничен, според полицијата има крајнодесничарски и антиимигрантски ставови.
Осомничениот отвори оган во џамија во близина на Осло, при што лицето кое успеа да го совлада претрпе полесни повреди. Во куќата на осомничениот било пронајдено женско тело. Џамијата го зголемила обезбедувањето годинава по маскарот во Нов Зеланд при кој беа убиени 50 лица.