Полицијата употребила солзавец на протестите во Хонг Конг
![Полицијата употребила солзавец на протестите во Хонг Конг](https://gdb.rferl.org/A7AC401B-5DF9-4E00-961B-9F70A76AE01C_w800_h450.jpg)
Полицијата во Хонг Конг употребила солзавец против демонстрантите на десетиот викенд по ред од антивладините протести во земјата. Илјадиници продемократски активисти го блокираа сообраќајот во центарот на градот негирајќи ја полициската забрана за одржување на маршеви.
Протестите беа предизвикани од законот за екстрадиција, со што се овозможува осмничените за различни дела да им се предадат на централните власти на Кина, со што според критичари, им се загрозуваат нивните права.
Законот беше суспендиран, но демонстрантите бараат и избори, распуштање на сегашното законодавство и истрга за наводната полициска бруталност. Протестите се најсериозната политичка криза со која се соочила земјата во последните децении.