Тајфунот Лекима однесе 22 животи во Кина
![Тајфунот Лекима однесе 22 животи во Кина](https://gdb.rferl.org/D6FFC2F7-B9EA-4E9A-AFF2-75EE9B76E272_w800_h450.jpg)
Најмалку 22 лица загинаа, а 10 се водат за исчезнати во источна Кина по лизгање на земјиштето предизвикано од тајфун поради кој беа евакуирани повеќе од милион лица. Тајфунот Лекима предизвикал тропска бура и ветрови со брзина од 187 километри на час.
Од Шангај биле евакуирани 253 илјади луѓе, а илјадници летови беа откажани. Речиси 200 возови кои поминуваат низ градот Јиан во покраината Шандонг се откажани до утре.