Црвенковска - Немаме стратегија за културни содржини за деца
Ние немаме никаква државна стратегија за финансирање на содржини за деца - ни за литература, ни за филмови или серии, ни за образование, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа, Билјана С. Црвенковска, писателка и уредник за литература за деца и млади.