Димитриевски: Расчистете со криминалот или повлечете се, не сме сите исти
Членот на Централниот одбор на СДСМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, по повод аферата „Рекет“, денеска побара „да се исчисти криминалот во корен или да им се остави простор на професионалците.
„Доволно е со делење на совети и памет, што треба да се направи, ги држите позициите, имате одговорност, работете и исчистете го криминалот во корен без исклучок или повлечете се и оставете простор на професионалците да сработат. Оваа анатема дека ‘сите сме исти’ мора да се демантира пред граѓаните со дела и доказ, бидејќи сме многу различни. Целава сторија им остави простор на злосторниците да се трансформираат во жртви и борци против криминалот, едноставно одговорност мора да има за сите“, напиша Димитриевски на неговиот официјален Фејсбук профил.