Харадинај: Дијалог со Белград без условувања и одлагања
![Харадинај: Дијалог со Белград без условувања и одлагања](https://gdb.rferl.org/B40AA9CE-D076-4434-B670-367D74B83F94_w800_h450.jpg)
Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај вели дека се согласува дека е потребно нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Но, според него за постигнување на таа цел е потребен дијалог без условувања и без одлагања.
Харадинај на Твитер повтори дека крајниот исход од тој дијалог меѓу Приштина и Белград треба да биде меѓусебното признавање на двете држави во рамки на постоечките граници.