Црна Гора: Со ротавирус заразени 36 деца на возраст од 4 години
Само од почетокот на месецов од цревни инфекции предизвикани од ротавируси во Црна Гора заболеле 38 лица, од кои дури 36 се деца на возраст од четири години, а најголем број од заразените се од Подгорица, Цетиње и Будва, соопшти Институтот за јавно здравје.
Цревните заразни болести поради високите температури, кои се погодни за развој на микроорганизмите, најчесто се јавуваат во летниот период.