Нови протести во Хонг Конг
Илјадници луѓе се собираат на плоштадот во центарот на Хонг Конг по релативно тивката ноќ со цел протести против Кина и нејзините обиди за зајакнување на своите политики во тојадминистративниот дел на регионот.Организаторите на протестите во Хонг Конг побараа од демонстрантите денешниот собир да биде мирен. Според проценките на нновинарските агенции до сега се собрани над 50 илјади луѓе. Еден од организаторите, Бони Леунг рече дека „денеска е ден на мирот“ и дека се надеваат дека ќе му покажат на светот дека луѓето од Хонг Конг можат да бидат потполно мирни. Опозицијата бара оставка од премиерката на Хонг Конг, Кери Лам, демократски избори и независна истрага за полициска употреба на сила.