Стефанова нема да конкурира за шефица на СЈО, бара да се донесе законот за ЈО
![Стефанова нема да конкурира за шефица на СЈО, бара да се донесе законот за ЈО](https://gdb.rferl.org/EC568332-BEB9-447F-8A0B-4C67E9266EC3_cx64_cy7_cw36_w800_h450.jpg)
Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега. Јас од самиот старт се оградував од Јанева, изјави денеска обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, по одложувањето на денешното судско рочиште за „Титаник“.
Според неа, СЈО е во најтешката состојба од основањето и апелираше политичарите да го донесат законот за јавното обвинителство.
Стефанова пред новинарите изјави и дека нема намера да конкурира за шефица на СЈО и нагласи дека нема овластување да побара каде моментално е Орце Камчев, осомничениот во „Империја“, и поради тоа потенцираше дека затоа е важно што побрзо да се донесе новиот закон.