Советот на обвинители следната недела ќе заседава за Јанева
Седницата на Советот на јавни обвинители, на која треба да започне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, ќе биде закажана од понеделник бидејќи не се доставени комплет списите кои се побарани.
Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев во изјава за МИА вели дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите што треба да ги достави Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот „Рекет“ во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Јанева.
Штом ги добијат комплет списите, како што изјави Штерјев, ќе биде закажана седницата на која ќе започне постапката за разрешување на Јанева.