Русија ѝ ја испорача на Турција и втората тура ракети С-400
Рускиот воен авион, кој превезува делови од рускиот ракетен систем С-400 слета во турската воена база Муртед, близу Анкара. Со тоа е потврдена најавата дека почнува втората фаза од испораката на ова оружје на Турција, објавија новинските агенции.
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар вчера потврди дека цел на турската војска е да ја заштити земјата и народот од надворешниот непријател. Во јули на Турција ѝ беше испорачан првиот дел од ракетниот систем и покрај противењето на САД, која смета дека рускиот систем е некомпатибилен со НАТО стандардите и оти претставува закана за американската програма за борбени авиони Ф-35.