Ердоган заинтересиран за најновите руски воени авиони
![Ердоган заинтересиран за најновите руски воени авиони](https://gdb.rferl.org/C5A1DA73-8600-4EFE-9A13-548472416AD3_w800_h450.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при отворањето на Меѓународниот авиациско вселенски салон во близината на Москва изразил заинтересираност за купување на најновите руски борбени авиони Су-57. Турција која е членка на НАТО во минатиот месец доби испорака на рускиот ракетен одбранбен систем С-400 и покрај противењето на САД кој од ердоган бара да го поништи тој договор со Москва. На отворањето на салонот рускиот претседател Владимир Путин го нарече Ердоган за „драг пријател“.