Размена на затвореници на Русија и Украина
![Размена на затвореници на Русија и Украина](https://gdb.rferl.org/16D81C9C-92ED-45A5-95EC-D0ABE5F2BD45_w800_h450.jpg)
Украински затвореници, меѓу кои и филмскиот режисер Олег Сенцов и неколкумина морнари, полетале со авион за Украина, по завршување на постапката за размена на затвореници со Русија, објавија светските новински агенции.
Јавниот обвинител од Украина на неговиот „Фејсбук“ профил соопшти дека разменатана затвореници меѓу Русија и Украина завршила. Ослободувањето на притворените Украинци во Русија, беше едно од предизборните ветувања на новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски.