Времето денеска сончево со слаб ветер
![Времето денеска сончево со слаб ветер](https://gdb.rferl.org/85D13979-D4C9-4B55-9B06-0C01CA133510_cx20_cy15_cw70_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти меѓу двет и 17 степени, а дневната ќе достигне од 26 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне 35 степени.