Времето денеска: сончево и постудено
![Времето денеска: сончево и постудено](https://gdb.rferl.org/0188E488-4926-4ACB-AC13-747B292906BC_cx1_cy15_cw29_w800_h450.jpg)
Ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во југоисточните делови. Утринската температура ќе биде од минус 10 до два, а дневната од нула до девет степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде минус три, а дневната ќе достигне до пет степени.