Мигрантите во неволја поради студениот бран во Грција
![Мигрантите во неволја поради студениот бран во Грција](https://gdb.rferl.org/265010b8-d56a-4659-b2fb-65aea827a5a8_tv_w800_h450.jpg)
Снегот, силниот ветар и студените ноќи што деновиве ја зафатија Грција им го отежнаа животот на мигрантите и бегалците кои се сместени во кампот во Малакаса, на 35 километри од Атина. Некои од нив поради здравствени проблеми мораа да го напуштат кампот.