Грција, Кипар и Израел потпишаа договор за гасовод
![Грција, Кипар и Израел потпишаа договор за гасовод](https://gdb.rferl.org/8F40E59F-6D75-4B89-B7CD-406D42942A7D_w800_h450.jpg)
Грција, Кипар и Израел потпишаа договор за изградба на гасоводот EastMed за испорака на гас од источниот Медитеран кон Европа и покрај противењето на Турција за договорот.
На церемонијата на потпишувањето на договорот за изградба на гасоводот во Атина, присуствуваа премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху
"Ова е многу значаен енергетски проект кој претставува круна на една многу значајна трилатерална соработка во енергетиката, но и во други но и во други области, рече Мицотакис.
Нафтоводот е долг 2000 километри и ќе испорачува меѓу девет и 12 милијарди кубни метри гас годишно од Израел и Кипар до Грција, а потоа и во Италија и другите земји од југоисточна Европа.
.