Трамп: Иран не добил војна, но добил во преговори
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека Иран никогаш не добил војна, но дека никогаш не изгубил преговори. Администрацијата на претседателот на САД постојано бара од Техеран да се вратат на преговарачка маса откако Вашингтон во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор со Техеран постигнат во 2015 година меѓу Иран и светските сили. Иранските лидери, пак, инсистираат дека тие нема да влезат во преговори додека САД не ги тргнат санкциите.Оваа реакција на Трамп следува откако Техеран одговори со закани за одмазда поради американскиот напад во кој загина командант на силите на иранската Револуционерната гарда, генералот Касем Солејмани . Нападот се случи во близина на меѓународниот аеродром во ирачкиот главен град Багдад рано утринава. Ваквиот развој на настаните предизвика реакции на загриженост во светот од нова ескалација на тензиите во регионот.