Забрана за влез на товарни возила во Грција поради очекувано невреме
Грција забрани влез на сите товарни моторни возила на нејзина територија, поради најавата за лоши временски услови. Забраната ќе стапи на сила утре наутро во 5 часот, а ќе трае до 6 јануари во 24 часот, информира МВР, според добиените информации од грчките власти.
„Се воведува забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, со можност за нејзино продолжување“, соопшти МВР.
Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.