Мицотакис во Вашингтон на разговори со Трамп
![Мицотакис во Вашингтон на разговори со Трамп](https://gdb.rferl.org/32737527-CFC8-44C8-84A2-EF44F6A45F63_cx21_cy1_cw61_w800_h450.jpg)
Шест месеци по доаѓањето на власт Киријакос Мицотакис денеска, како грчки премиер ќе пристигне во прва посета на Белата куќа и ќе разговара со претседателот Доналд Трамп за напнатоста меѓу Грција и Турција. Грчкото турските односи повторно се на проба по потпишувањето на спорниот поморски и воен договор меѓу Анкара и либијската меѓународно призната влада за разграничување на Средоземното море. Турција и Либија немаат меѓусебна граница па овој потег освен Грција го критикуваа и Кипар и Египет.