Европа ја предупредува Турција за интервенцијата во Либија
![Европа ја предупредува Турција за интервенцијата во Либија](https://gdb.rferl.org/0D5A59F6-4AE3-4091-A7AA-841DBC0F4F44_w800_h450.jpg)
Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија и Италија, во заедничка изјава ја осудија вмешаноста на Турција во либиската криза откако Анкара испрати трупи во Триполи. По заедничкиот итен состанок во Брисел на шефовите на дипломатиите во заедничката изјава повикаа да се стави крај на „надворешното мешање во случувањата“. Министерот за надворешни работи Јозеф Борел ја критикуваше Турцијаи изрази загриженост за ситуацијата во Либија. На состанокот му претходеше објавата одТурција дека ќе праќа војници во Либија.