Пронајдени девет мигранти од Египет во близина на Кратово
![Пронајдени девет мигранти од Египет во близина на Кратово](https://gdb.rferl.org/C4D4899F-5ECF-4063-BAB1-6A70431AC49D_w800_h450.jpg)
Во близина на Кратово, полициски службеници вчера лишиле од слобода едно лице, откако во неговиот автомобил биле пронајдени девет мигранти без документи.
„Во текот на вчерашниот ден околу 20:00 часот во близина на Кратово, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(28) од Богданци, поради тоа што на регионалниот пат Страцин – Кратово, при преглед во неговото патничко возило „ауди А6 “, со бугарски национални ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти без документи, а по нивно кажување, сите од Египет“, соопштуваат од МВР.
Оттаму посочуваат дека лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија и Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје.