Пакистан: Деветмина загинати во експлозија во џамија
![Пакистан: Деветмина загинати во експлозија во џамија](https://gdb.rferl.org/22B1BD9F-C7B0-42A4-9F29-B8321BE05AF9_w800_h450.jpg)
Девет лица меѓу кои еден полицаец загинаа, а десет се повредени во експлозија на бомба во југозападниот град Куета, соопшти полицијата.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот кој се случи денеска. Куета е главен град на провинцијата Балочистан,која граничи со Авганистан.
Провинцијата има проблеми со исламистички милитантни напади и сепаратистичко востание кое доведе до илјадници жртви од 2004 година.