Бугарија- ден по приведувањето министерот за екологија си поднесе оставка
![Бугарија- ден по приведувањето министерот за екологија си поднесе оставка](https://gdb.rferl.org/9BA25E7E-5F16-4C67-97FE-2AF8AA60CF03_w800_h450.jpg)
Министерот за животна средина на Бугарија Нено Димов денеска си поднесе оставка. Тој синоќа беше приведен на распит за кризата со водата во бугарскиот град Перник и за увозот на отпад. Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја прифати неговата оставка, се наведува во соопштението од бугарската влада без да се дадат дополнителни детали. За подоцна во денот се очекува обвинителството да излезе со соопштение во кое ќе ги обелодени нивните сознанија за улогата на министерството во овој случај.