Граѓани во Мексико жив запалиле осомничен за педофилија и убиство
![Граѓани во Мексико жив запалиле осомничен за педофилија и убиство](https://gdb.rferl.org/D7DB3352-8846-45A1-A286-902926F47A03_cx38_cy16_cw62_w800_h450.jpg)
Маж обвинет дека силувал и убил шестгодишно девојче бил жив запален во местото Какахоатан во јужниот дел на Мексико, соопштија властите во сојузната држава Чиапас, пренесе АП. Група граѓани го фатиле Алфред Роблеро и го обвиниле за силување и убиство на дете, чие исчезнување е пријавено вчера од страна на семејството.
Обвинителството соопшти дека Роблеро е претепан, врзан за дрвена конструкција. полиен со бензин и потоа запален. Полицијата не успеала да му го спаси животот.