Украина ќе им плати отштета на семејствата на загинатите во соборениот авион
Украинскиот премиер Олексеј Гончарук соопшти дека Украина ќе плати отштета од околу 8.500 долари на секое од семејствата на жртвите во несреќата на авионот на “Украинските меѓународни авиолинии” во Техеран. Гончарук кажа дека и украинската авио-компанија ќе исплати отшетата на семејствата на членовите на екипажот загинати во несреќата на нејзиниот „Боинг 737-800“.
Техеран вчера призна дека иранската војска по грешка го соборила украинскиот авион, веднаш по полетувањето од техеранскиот аеродром, усмртувајќи ги сите 176 патници и членови на екипажот.
Украинскиот премиер информираше и дека украинските дипломати работат на добивањето отштета за жртвите на несреќата од иранските власти.