Црногорска полиција: Немаше експлозија во вилата на Ѓукановиќ, некој сака да направи паника
![Црногорска полиција: Немаше експлозија во вилата на Ѓукановиќ, некој сака да направи паника](https://gdb.rferl.org/DB02D776-A9E9-471B-BC18-C35EECDC8683_w800_h450.jpg)
Полициската управа во Подгорица соопшти дека не се точни информациите во дел од српските и црногорските медиуми за експлозија во претседателската вила „Горица“.
„Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника“, наведува полицијата.
Претходно весникот „Вечерње новости“ објави дека во вилата „Горица“, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации, денеска попладне одекнала експлозија и дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија.