Новиот премиер на Малта положи заклетва на функцијата
Адвокатот Роберт Абела денеска положи заклетва на премиерската функција во Малта на која ќе го наследи Џозеф Мускат кој поднесе оставка поради критиките за истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција. Абела претходно беше избран за лидер на владејачката Работничка партија. Тој е син на поранешен претседател на Малта, а беше избран за пратеник во 2017 година со мало политичко искуство.
Абела вети поголем фокус на социјални прашања, посебно животниот стандард и пензиите и предложи бесплатни медицински услуги за пензионери. Тој вети и дека ќе го зајакне владеење на правото и доброто владеење во земјата.