Вархеји: ЕК е за датум за преговори, но донесете го Законот за ЈО
![Вархеји: ЕК е за датум за преговори, но донесете го Законот за ЈО](https://gdb.rferl.org/4705142E-56DA-4E5E-A737-E3F62C292964_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји денеска во Скопје, на заедничката прес конференција со премиерот Оливер Спасовски, рече дека Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги почнат преговорите. За новата ЕК проширувањето не е табу тема, туку приоритет, порача тој.