Боинг открил нов проблем со софтверот на авионите 737 Макс
![Боинг открил нов проблем со софтверот на авионите 737 Макс](https://gdb.rferl.org/E7CED9C5-A8A5-4A97-98F2-6917227B813E_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Американскиот производител на авиони Боинг соопшти дека открил нов проблем со софтверот на проблематичниот авион Боинг 737 Макс, додавајќи го на списокот задачи кои треба да се решат за да може приземјените авиони повторно да почнат да летаат.
Боинг вчера соопшти дека ја информирал Федералната администрација за воздухопловство за проблемот. Човек упатен во проблематиката изјави дека проблемот е во софтверот кој проверува дали мониторите кои ги следат клучните системи во авионот работат исправно.
Боинг е во криза по уривањето на два авиони 737 Макс во Индонезија и во Етиопија минатата година, при што загинаа 346 луѓе.
Властите ширум светот потоа наредија приземјување на сите авиони од овој тип.
Поранешниот директор на Боинг Денис Миленбург поднесе оставка во декември. Федералната администрација за воздухопловство минатиот месец остро ја критикуваше прогнозата на Миленбург за враќање на авионот во воздух, нарекувајќи ја нереална.