Временска прогноза - Сончево со умерена облачност и магла по котлините
По котлините и долж Повардарието денеска ќе биде магливо и со ниска облачност, во останатите делови сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.
Во Скопје магливо со максимална температура до 4 степени.