Украински новинар следните 34 години не смее да влезе во Русија и Крим
Руската гранична полиција му забранила на украинскиот новинар Тарас Ибрагимов да влезе во Русија и во окупираниот регион Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година. Тој има забрана за влез до средината на 2054 година.
Ибрагимов, кој работи во Кримското биро во украинскиот сервис на Радио Слободна Европа денеска изјави дека забраната му била предадена лично, без да има дополнително објаснување. Тој вели дека забраната има врска со неговата новинарската професија и со објавувањето на случаи поврзани со Кримските Татари во Крим и во Русија.
Новинарот вели дека бил и фотографиран и му биле земени отпечатоци на административната линија меѓу Крим и Украина.
Во февруари 2019 година, и на фотографката Алина Смутко, која исто така работеше во Кримското биро на Украинскиот сервис на Радио Слободна Европа и беше забрането влегување во Крим и Русија до 2028 година. А во ноември 2018 година влез во Русија и Крим и беше забранет и на , новинарка Алена Савчук од РСЕ.