Столтенберг ја поздрави најавата за авиолинија Белград-Приштина
![Столтенберг ја поздрави најавата за авиолинија Белград-Приштина](https://gdb.rferl.org/6145D502-A670-4F8D-9EA9-8C101966D9BA_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја поздрави најавата за воспоставување директна авионска линија меѓу Белград и Приштина. Тој во писмено соопштение нагласува и дека ова е важен чекор кој ќе го олесни и забрза протокот на луѓе и добра во регионот на Западен Балкан.
„Командантот на нашата КФОР мисија го задржува воениот авторитет за воздушниот простор над Косово во согласност со Резолуцијата на Советот за Безбедност на Обединетите Нации 1244. НАТО останува целосно инволвиран за време на долгорочниот процес за нормализирање на Балканската Авијација кој ние го водиме“, наведува Столтенберг.
Делегација на српското Министерство за економија и компанијата Луфтханза денеска во Берлин попишаа Писмо за намери за повторно воспоставување на авиолинија помеѓу Белград и Приштина, соопштија од српското министерство. Истовремено, престедателот на Косово Хашим Тачи го поздрави потпишувањето на писмото за намери меѓу Луфтханза и косовските авторитети од цивилната авијација со кое се отвора можност за воздушна линија меѓу Белград и Приштина.