Договорено почитување на ембаргото за оружје за Либија
![Договорено почитување на ембаргото за оружје за Либија](https://gdb.rferl.org/0A57B4BE-C24B-4703-A3C0-C3BACE2D515D_w800_h450.jpg)
Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат многу пати прекршеното ембарго за оружје и веќе да не им даваат помош на завојуваните страни. Договорот е постигнат по четиричасовни разговори чиј домаќин беше германската канцеларка Ангела Меркел. Во Берлин учествуваа лидерите на 11 земји вмешани во конфликтот во Либија, претставници на ОН, на ЕУ, на Африканската унија и на Арапската лига.
Во Берлин беа присутни и лидерите на двете главни завојувани страни, премиерот на меѓународно признатата влада Фајез Сараџ и командантот на силите кои го контролираат истокот на земјата Халифа Хафтар, но не учествуваа на конференцијата.