Дупките во пензискиот фонд тешко се пополнуваат
Ревизорскиот извештај открива исплата на пензии на починати, како и пропусти во работењето. Од ПИОМ пак, не ги демантираат пропустите, само велат дека се помали отколку што се прикажува. Аналитичарите велат - недостигаат вистински реформи во овој сектор.