ОБСЕ ја повикува Русија да ги почитува медиумите
![ОБСЕ ја повикува Русија да ги почитува медиумите](https://gdb.rferl.org/598AA64B-8932-432B-A2AE-638C0C35CD19_w800_h450.jpg)
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Десир, изјави дека ја осудува неодамнешната одлука за украинскиот новинар Тарас Ибрагимов за забрана да влезе во Русија и во Крим до средината на 2054 година.
Ибрагимов, кој работи во Кримското биро во украинскиот сервис на Радио Слободна Европа минатата недела изјави дека забраната му била предадена лично, без да има дополнително објаснување. Тој рече дека забраната има врска со неговата новинарската професија и со објавувањето на случаи поврзани со Кримските Татари во Крим и во Русија.
Новинарот кажа дека бил и фотографиран и му биле земени отпечатоци на административната линија меѓу Крим и Украина.
Во февруари 2019 година, и на фотографката Алина Смутко, која исто така работеше во Кримското биро на Украинскиот сервис на Радио Слободна Европа и беше забрането влегување во Крим и Русија до 2028 година. А во ноември 2018 година влез во Русија и Крим и беше забранет и на , новинарка Алена Савчук од РСЕ.
.