Коста Начевски назначен за в.д. директор на „Дрисла“
Коста Начевски е вршител на должност на Јавното претпријатие „Дрисла“, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Ангелов. Централниот регистар и официјално го впиша Начевски како вршител на должноста директор на Јавното претпријатие Дрисла. Во 2012 година тој беше кандидат за градоначалник на општина Бутел од СДСМ.
Градоначалниот на Скопје Петре Шилегов претходно ги достави документите до Централен регистер за разрешување на Ангелов кој деновиве е актуелен во јавноста откако во соседна Бугарија се отвори истрага за нелегален увоз на отпад на компанијата „Блацион“. Во неа, според бугарските медиуми, содружник е Ангелов и Блаже Игнатовски, исто така македонски државјанин.
Шилегов вчера на прес-конференција го објави дека Депонијата „Дрисла“ со решение од Централен регистар станува јавно претпријатие на Град Скопје. На седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари ќе бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад.