Од дивоградби и тесни улици не може да се замени трансформатор во битолски Баир
Во битолската ромска населба Баир во сред зима десетици семејства се без греење, оти ЕВН не може да го замени изгорениот трансформатор, поради тесните улички во населбата. Жители на населбата на диво се приклучуваат на електричната мрежа, па дефектите се чести, велат од ЕВН.