Парламентот ја кочи забраната за увоз на отпад како енергенс
Не се знае кога ќе биде ставен на гласање Законот за управување со отпад кој предвидува забрана за увоз на отпад како енергенс, откако претседателот на Собранието Талат Џафери на седница во средата образложи дека не се создадени деловнички услови за негово гласање. Активистите на ова гледаат немање волја кај пратениците за усвојување на регулативата.