Трамп ѝ понуди помош на Кина поради епидемијата од коронавирусот
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ѝ понуди помош на Кина, каде што во епидемијата од вирусна пневмонија починаа повеќе од 80 луѓе, а околу 2700 се заразени.
„Со Кина сме во блиска комуникација во врска со вирусот“, наведе Трамп на Твитер, и додаде дека во САД има мал број инфицирано, но останува големата внимателност.
Трамп додаде дека ѝ ја понудил сета помош на Кина и на претседателот Си Џинпинг.
„Имаме извонредни стручњаци“, напиша американскиот претседател.