„Скопје сити мол“ се евакуира поради дојава за бомба
Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош во моментов се евакуира поради дојава за бомба. Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен се испратени екипи од полицијата. На терен е и екипа од Противпожарната бригада на Скопје со едно возило и четворица пожарникари. Според очевидци, во трговскиот се вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.