Адвокатите на Трамп бараат од Сенатот да биде ослободен од обвинувањата
Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп го заврши изнесувањето на аргументи во негова обрана на судењето во Сенатот со повик до сенаторите да го ослободат од обвинувањата поради кои се води постапката за негово отповикување. Според адвокатите на Трамп, претседатели не можат да бидат менувани поради „неодредени обвинувања“. По изнесувањето на аргументите од страна на обвинителите и на одбраната, сенаторите кои имаат улога на поротници имаат по осум часа денеска и утре да достават прашања до главниот судија на Врховниот суд Џон Робертс кој претседава со судењето. Трамп е обвинет дека се обидел да влијае врз властите на Украина да покренат постапка против неговиот можен претседателски ривал Џо Бајден, однсоно ја залоупотребил функција.