Помпео за вистински напредок во односите со Белорусија
Американскиот државен секретар Мајк Помпео повика на остварување напредок во билатералните односи со Белорусија по средбата во Минск со претседателoт на земјата Александар Лукашенкo.
„Убедени сме дека заедно можеме да оствариме вистински напредок во секоја димензија на нашите односи“, рече Помпео на заедничката прес-конференција со Лукашенко.
Лукашенко му порача на Помпео дека е добро што ризикувал и решил да ја посетил земјата по недоразбирањата меѓу Белорусија и САД. Тој изрази и надеж дека ќе се отвори ново поглавје во односите со САД.
Посетата на Помпео е прва од американски државен секретар откако Ворен Кристофер го придружуваше тогашниот претседател Бил Клинтон во Минск во 1994 година.